МАЈА
АПОСТОЛОСКА
Маја
Апостолоска е родена на 07. 12. 1976 година. Дипломирала на
Катедрата по општа и компаративна книжевност на Филолошкиот
факултет Блаже Конески - Скопје, каде моментално е на
постдипломски студии на Катедрата по македонски јазик. Авторка е
на стихозбирките: Заиграј, веќе, мастилаво! (Зумпрес, Скопје,
2000 год.) и Прекин на комуникацијата (Бата пресс, Скопје, 2004
год.). Со Ј. Т. Етернијан го имаат приредено изборот од
современата македонска поезија со библиски, религиозни и
апокрифни мотиви, кој излезе како тематски број на списанието
Стремеж (11.12) во 2000 година. Во периодиката објавува поезија,
книжевни критики и препеви.
|
 |
| |
НИКОГАШ
ПОВЕЌЕ, ЛЕНОРА!
Добрата
соба
домаќинот го чека.
"Заиграј веќе мастлаво!"
Потем сините траги ...
Благи
ли се гробниците
насмеани за гости,
та чукањето да е токмуглаво
со цело чекање
на птичјиот гргор?
"Застани!"
Декември
во патетичен стрес
интересно продлабочува
версуси.
Мелодрами за мелолудаци!
Ленора,
драга моја,
фигуративно заминуваш?
|
|
Copyright © by Balkanski književni glasnik – BKG, 2006.
Nazad
|